+389 2 3225 944
[email protected]

Опции

Проширливост

За Поинт Финансии постојат голем број на проширувања - модули што се специфични за одредена дејност. На пример модул за маркетинг што се користи во телевизии, за маркетинг во печатени медиуми, модул за производство кај графичка дејност што се користи во печатници, за транспортна дејност што се користи во шпедиции итн. Поинт Финансии го користат и угостителски објекти, сервиси, аптеки и др. Секојдневно се развива и доградува, според ваши барања и спецификации.

Подвижност и доверливост

Бидејќи Поинт Финансии не е зависен од посебни, те. нестандардни библиотеки во оперативниот систем, истиот нема потреба од стандардна инсталација и може да се користи како портабилна (подвижна) апликација ставена на вашиот USB стик.

Копирајте го Поинт Финансии на вашиот USB диск и тој од таму ќе продолжи нормално да функционира. На тој начин дополнително ќе ги заштитите вашите финансиски податоци, а истите ќе можете постојано да ги пренесувате со вас доколку работите на неколку компјутери.

Мрежно и далечинско поврзување

Доколку имате потреба повеќе вработени да пристапуваат до Поинт Финансии од една или неколку различни локации – слободно искористете го нашето решение. Програмата работи во секакви мрежни услови.

Не чекајте понатаму.   Донесете правилна одлука!